Едно од најмрачните места во Црна Гора станува рај за богаташите

Точка

18/03/2019

15:18

5.487

Големина на фонт

а а а

Пред само неколку децении на овој остров во Црна Гора се случувале ужасни работи. Сега тоа ќе биде најновиот рај за богаташите од Европа.

Островот Ластавица некогаш бил дом на 2000 затвореници, кои во него биле мачени и убивани. Мамула првенствено бил изграден од страна на австроунгарски адмирал како морска тврдина, а под владеењето на Мусолини, од преку 2000 затвореници, 130 биле убиени или умреле од глад.

Денес, благодарение на инвестицијата од 23,95 милиони долари на швајцарската компанија OHM, ќе стане вистински луксузен ресорт.

Плановите се, овој напуштен остров и тврдина, кои датираат од Втората светска војна, да се претворат во ресорт со две плажи, центар за спортови на вода, ресторани и барови, спа центар и три базени.

Исто така, ќе се изгради и пристаниште за гостите на хотелот, а за нив на располагање ќе има и 33 апартмани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг