Ново одморалиште кое нè привлекува да ги посетиме Карибите

Точка

18/03/2019

14:18

2.311

Големина на фонт

а а а

„Hodges Bay Resort & Spa“ комплексот поминал низ процес на експанзија, вредна 100 милиони долари.

Со 365 прекрасни плажи со бел песок и богата историја со јахтински бродови, станала едно од омилените места за љубителите на морето, Антигва е вистински скапоцен камен.


И покрај сите пофалби, овој остров има многу малку луксузни сместувања во понудата, а тоа конечно почнува да се менува. Роузвуд планира да воведе свое одморалиште за неколку години, додека од минатиот декември, патниците имаат прилика сосемна новиот посед да го наречат свој дом на оваа некогашна британска колонија.


„Hodges Bay Resort & Spa“ додаде колекција од 79 луксузни сместувачки единици во вредност од 100 милиони долари на оваа дестинација. Почнувајќи од 46 квадрати, сите соби во одморалиштето поседуваат приватни балкони и најнова технологија, вклучувајќи го и Амазон Ехо за гласовна контрола на консиерж услуги. Ако ви е потребен дополнителен простор, тогаш ќе уживате во пространи вили, кои имаат од една до четири спални соби до 350 квадрати. Најголемата од нив се протега на три спрата и има приватен инфинити базен и свитливи стаклени врати за идилично уживање во островскиот начин на живот.


Со цел да го пополните вашето време, овој комплекс ви нуди голем број на активности и услуги. Можете да уживате во морето, да ги посетите блиските острови, може да нуркате или да ја апсорбирате енергијата на романтичното зајдисонце. Ако сакате времето да го поминувате на копно, треба да знаете дека тука ви се на располагање два базени: едниот е наменет за семејства, додека другиот е создаден само за возрасни и се наоѓа во близина на плажата и има сопствен бар.


Ако сакате велнес, релаксирачкиот спа центар со сауна и парна соба ќе ве воодушеви, како и двата тениски терени, врвниот фитнес центар и простор за вежбање јога и пилатес. Ниедно одморалиште нема да биде комплетно без неколку ресторани, а ова во својата понуда има дури три, па веруваме дека ќе бидете задоволни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг