Биткоин милионерот креирал одело наречено "Dr Ocotopus" за дете кое пати од хипермобилитет

Точка

16/03/2019

14:42

3.673

Големина на фонт

а а а

"Биткоинот" навистина го "потресе" светот. На овие виртуелни пари секогаш се гледаше како на ризик, но некои луѓе преземаа и ризик и бум - станаа милионери.

Секако, не сите ја имаа истата судбина. Некои луѓе едноставно се родени среќни. На пример, Ерик Финман - тој инвестирал во Биткоин и станал еден најмладите милионери на нашето време. Тоа е голем дострел за било кој, а уште повеќе за 19-годишно момче. Што би се очекувало од Финман да направи со толку пари? Веројатно да ги потроши на луди забави, излегувања по клубови, можеби да ја купи најдобрата гејмерска конзола.

Сепак, Финман бил попаметен од просечниот тинејџер. Тој ги инвестирал своите пари во нешто посебно. Но, не за да заработи повеќе пари. Барем не веднаш. Еден од синовите на неговиот ментор, Аристоу Михан, дошол до идејата да се изработи модел од рацете на "Dr Octopus". Секој што го гледал Спајдермен веднаш може да замисли за што станува збор. Како фан на стриповите, Михан бил фасциниран од костимите на "Comic Con" и сакал да направи нешто кул како нив. Со една разлика - сакал да го направи својот костум функционален. Па, ако имаш идеја, потребен ти е само инвеститор. А тука бил Финман, подготвен да ги инвестира своите пари и да го оствари сонот на Михан. Со група инженери, Финман инвестирал голем дел од своите пари во овој проект. 

Егзоскелетот од ова маестрално парче бил направен со користење на 3D принтер. Меѓутоа, рацете требало да бидат контролирани од тој што го носи костумот. За таа цел, има микроконтроли и 8 мотори кои даваат на погон на целата работа и ги "оживуваат" механичките раце. Оној што го користи треба само да ги стави рацете во ракавиците и да ги контролира со средниот од прст од било која рака.

Сепак, рацете не биле направени со Финман. Тој сакал да ги направи за Аристоу Михан. Аристоу е син на еден од многуте ментори на Финман и пати од хипермобилитет. Било ужасно да се гледа како ова 10-годишно дете пати од овој синдром. Но, благодарение на Финман, сега има излез. Финман вели дека само сакал да направи нешто убаво за ова младо дете.

Финман почнал да работи со група инженери и инвестирал многу од своите пари во проектот. Резултатите биле неверојатни. Михан не можел да биде посреќен со оваа направа. Освен што го направила среќен, го направила и популарен во училиште. Најдобро од се е тоа што тој сега е во можност да прави многу повеќе работи со помош на рацете на "Dr Octopus", работи кои претходно биле невозможни.

Финман сега сака овој продукт да го пушти во масовно производство за да го користат и други луѓе со истиот проблем. Сепак, според него, има уште многу нешта на кои треба да се доработи. Зборувал со многу луѓе околу масовно производство на овој продукт. Сака во блиска иднина да создаде услови за инженерите да можат на полесен начин да го изработуваат овој функционален костум.

Финман успеал да покаже нешто што често го забораваме во нашите последни тинејџерски години или на почетокот на 20-тите - дека е можно да го смениме животот на другите ако така го сетираме нашиот мозок. За него, тоа не било лесно. Дури и ако имаш пари, потребна е вистинската намера да се жртвуваат тие пари за поголемо добро. Можеби ние немаме толку пари, но подеднакво сме способни ако се "вооружиме" со вистинските намери.

Засега, можеме да замислиме свет во кој ваквиот тип на технологија е лесен за купување и ќе служи за доброто на луѓето. Би било убаво да го гледале "Dr Octopus" како шета по улиците, зарем не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг