Отворен ден на кој ќе може да разговарате со основачот на една од најуспешните нутриционистички програми во Европа

Точка

17/03/2019

12:00

3.629

Големина на фонт

а а а

Фирмата Про Фит, кој е застапник на нутриционистичката програма NuMe во Македонија, на 20 Март ќе го прослави својот втор роденден. Тимот кој стои позади овој бренд, веќе две години се грижи за здравјето и изгледот на многумина.

По повод својот втор роденден, Про Фит организира Отворен ден на 21.03.2019, каде секој ќе може да се информира околу програмите кои тие ги нудат, нивниот асортиман и секако да добиете совети кои ќе ви помогнат да ги остварите своите цели. Без разлика дали се соочувате со проблеми како што е прекумерната тежина или пак едноставно сакате да водите здрав живот, сега имате прилика детално да се информирате за промените кои треба да ги внесете во своето секојдневие или лошите навики од кои треба да се откажете.

По повод роденденот на Про Фит, од Словенија во Скопје доаѓа и основачот на нутриционистичката програма NuMe, Тамара Крамер. Тамара заедно со тимот на Про Фит ќе бидат достапни за сите оние кои ќе дојдат на Отворениот ден во четврток.

Ќе имате прилика да слушнете за многу успешни трансформации, за процесот на ослободување од вишокот килограми со оваапрограма, за здравствените придобивки кои доаѓаат со оваа исхрана, за вежбањето и секако за најголемата трансформација која всушност го промени животот на Тамара. Токму желбата за една таква трансформација ја донесе Тамара до онаму каде што е денес, а истото може да ви се случи и Вам.

Затоа, ве покануваме на 21.03.2019 (четврток) од 12:00-16:30 часот, да дојдете во просториите на Про Фит, да ги пробате производите кои тие ги нудат и да добиете одговор на сите прашања кои ве засегаат кога станува збор за исхраната.Ќе има убава дружба, бесплатна дегустација на производите и најважно од се, од Про Фит ќе заминете помотивирани од било кога. Се гледаме!

Про Фит контакт: 078253941




Спонзорирани линкови

Маркетинг