Рамон Калдерон со денови наназад прогнозираше дека Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на Реал Мадрид, а откако Португалецот остана без оваа работа, поранешниот претседател на „кралскиот клуб“ се обиде да ја поткрепи својата теорија со едно објаснување кое го даде во јавноста.
Калдерон во обраќањето за „Идолос“ направи една навистина детална анализа за сето она што според него се случи во Реал во изминативе десетина дена, заклучувајќи дека Зизу е најдобра опција за клубот без разлика на тоа што бил втора опција на Мурињо.
– Првата опција беше Мурињо. Мурињо немаше проблеми да дојде во Реал бидејќи претседателот навистина го почитува. Флорентино гледа на Мурињо како на грбот на Реал, тој е единствениот тренер кој му оди по неговите работи. Сепак, играчите имаа побуна и спречија доаѓање на Мурињо. Истото се случи со Конте неодамна. Зидан доби прв повик и првично одби, а тогаш пристигна и втор повик кога мислеше и на Мурињо. Мурињо го разбуди гневот кај дел од мадридистите кои не го паметат по добро и затоа Зидан од втора го прифати повикот на Перез. Мислам дека ова е добра одлука, ова е најдоброто решение, – заклучува Калдерон.