Зинедин Зидан во понеделникот го почна својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид, а клубот денес објави дека го договорил првото засилување за наредната сезона.
Дефанзивецот на Порто, Едер Милитао (23), на 30 јуни официјално ќе стане член на Реал. Брзилецот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 2025 година.
Eder Militão est un nouveau joueur du Real Madrid.
— Edition Merengue (@EditionMerengue) March 14, 2019
Il a signé jusqu'en 2025. https://t.co/uX01DlC0iX
Сумата што Реал ќе ја плати за Милитао не е позната, меѓутоа медиумите пишуваат дека „кралскиот клуб“ ќе ја исплати откупната клаузула, која изнесува 50 милиони евра.
Милитао во Порто пристигна од Сао Пауло. Тој ја минал фудбалската академија на овој клуб, а во Порто за него платиле шест милиони фунти.