Не грижете се, не сме единствени: Не работат Фејсбук и Инстаграм ширум светот

Точка

13/03/2019

19:32

3.465

Големина на фонт

а а а

Фејсбук и Инстаграм „паднаа“ ширум светот, поради што илјадници корисници својот револт го изразуваат на Твитер.

Корисниците на југ и југоисток од Англија, меѓу првите почнале да „доживуваат потешкотии“.

Сега корисниците во САД, Бразил, Перу, Колумбија и делови на Европа исто така го споделија својот револт.

##https://twitter.com/ScottMBolt/status/1105877011908739072##

Двете страници на тие социјални мрежи покажуваат пораки за грешки при обид за користење.

„Упс.. Нешто тргна наопаку. Работиме на тоа да го поправиме што е можно побрзо“, гласи пораката на Фејсбук.

Нејасно е што го предизвикало проблемот или колку ќе трае истиот.

Бесните корисници денеска попладне се огласија на Твитер.

„Тоа е како да го понесете со себе своето омилено вино, а потоа се сеќавате на оние 'лоши' шишиња кои се наоѓаат во вашиот фрижидер“ е само една од многуте такви објави.