Овие потресни глетки ја прикажуваат сета беда на Венецуела: Ќерката ѝ умрела во раце од глад, имала одвај 10 килограми! Морала сама да ја носи во мртовечница, а нема пари ни да ја погреба

Точка

12/03/2019

18:08

4.127

Големина на фонт

а а а

Венецуела долго се бори со недостиг на храна, а колкави се размерите на кризата покажува и снимката од мајка која во раце ја држи слабата 19-годишна ќерка.

Елизабет Дијаз била принудена да го носи телото на својата ќерка, која имала само 10 килограми, до мртовечницата. 

Како што вели, девојката ја одвела во болница во Валенсија, но таму не можеле да направат ништо бидејќи немало струја. Потсетуваме, минатите неколку дена делови од Венецуела немале електрична енергија поради огромниот дефект на мрежата и целокупната криза која ја снашла земјата.

Лекарите на мајката и рекле да посети друга во болница во Лас Ломас, каде би можеле да му помогнат на девојчето кое пати од церебрална парализа и хронична потхранетост.

Во меѓувреме, нејзината состојба се влошила и имала напади додека нејзиното тело се грчело. Кога семејството пристигнало во друга болница, биле шокирани кога виделе дека установата нема резервен струен агрегат. Кратко потоа, ќерката на Елизабет починала.

##https://twitter.com/Heberlizeth/status/1104577841780457472##

Бидејќи е многу сиромашна, мајката не може ни да го преземе телото и да ја погреба ќерката.

Овие глетки само потврдиле колкава е бедата во Венецуела. Кризата му задала посебен удар на здравствениот систем, а повеќе од 3 милиони луѓе ја напуштиле земјата.