Пендаровски: Ме следи тајна разузнавачка служба блиска со една партија

Нетпрес

07/03/2019

12:02

3.772

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во емисија на 1 ТВ, посочи дека е заеднички кандидат на владејачката коалиција, а изразот „консензуален“ не е најпрецизен, затоа што не треба некој да ги добие сите милион гласови.

За последните снимки што се вртат од него по социјалните мрежи, вели дека откако било објавено дека е претседателски кандидат, го следи тајна разузнавачка служба за која се сомнева дека е блиска со една партија.

- Тоа се структури врзани со една голема опозициска партија, за која имаше во јавноста извештаи дека на дневна основа прави евиденција каде одите вие, јас… Ова денеска е трета или четврта фотографија во низа во последните 10 дена. Тврдам дека станува збор за 24-часовно физично следење на мене, веројатно и на членовите на моето семејство. Дел работат во институциите, дел ги знам по име и по лик, за жал, тоа го прават подолго време кон своите политички опоненти, вели Пендаровски за 1 ТВ и додава дека со тоа треба да се справат институциите, затоа што по сите индикатори, станува збор за структура која работи на таа тема.

Како што вели, иако претходно очекувал вообичаена, рутинска кампања и покрај спротивставените аргументи на двата блока, сега е уверен дека таа ќе станува уште повалкана, а на тоа може да одговори на единствениот начин што му е примерен, со аргументи, зборови и со образот што го има.

Тој вели дека ова застрашувачко искуство го немал во кампањата пред пет години, односно не бил следен физички, иако имало сознанија за прислушкување на телефоните. Според него, во претходната кампања не била направена грешка, па и содржината на оваа кампања ќе биде иста, образложување на приоритетите преку средби со народот, без митинзи и обраќање од висока бина. За предизвиците, изјави дека тоа ќе биде тој што ќе трае најдолго – владеењето на правото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг