Најскапиот автомобил во Женева: "Bugatti La Voiture" од 16,7 милиони евра

Точка

05/03/2019

13:45

4.696

Големина на фонт

а а а

Францускиот произведувач на женевскиот авто-салон го претставил единствениот автомобил со кој му даваа почит на легендарниот, предвоен "Bugatti Type 57 SC Atlantic".

"Bugatti La Voiture Noire" е окарактеризиран како "ултимативен GT автомобил", а базиран е на стандардната верзија на "Bugatti Chiron".

 

Во склад со своето име е офарбан во црно, а рачно правената каросерија е направена од карбон влакна.

Во "Bugatti" велат дека при дизајнирањето најмногу внимание посветиле на аеродинамиката на возилото, за автомобилот да има што пофлуидна линија.

Со оглед на тоа дека е заснован на "Chiron", под хаубата нема изненадувања. За погон е употребен 8.0 W16 со 4 турбини, кои испорачуваат 1.500 коњски сили и 1.600 Nm максимален обртен момент.

Перформансите засега не се соопштени.

Освен што е најскап автомобил изложен на женевскиот саем за автомобили, "Bugatti La Voiture Noire" станал и најскап нов автомобил на сите времиња, бидејќи однапред е продаден за 16,7 милиони евра.

Се шпекулира дека купец е 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешен директор на "Volkswagen Group", внук на Фердинанд Порше.




Спонзорирани линкови

Маркетинг