Ахмети: До петок ќе се знае кој ќе биде заедничкиот кандидат за претседател

Макфакс

27/02/2019

19:22

2.159

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која беше договорено двете партии да настапат со заеднички кандидат на претседателките избори, изјави дека името на заедничкиот кандидат ќе биде познато до петок.

„Разговараме за имињата и во наредните денови ќе се одлучиме за еден од нив. Ќе има состаноци и со другите политички партии со цел и тие да се приклучат кон иницијативата. Одлуките ќе се донесат до петок“, рече Ахмети по средбата со премиерот.

На новинарско прашање дали за нив се прифатливи како предлози Оливер Спасовски и Никола Димитров, Ахмети не одговори конкретно, повторувајќи го ставот дека конечната одлука ќе се знае до крајот на неделата.

Ахмети додаде дека на состанокот со Заев не станало збор за несогласувањата во коалицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг