Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат за претседател

Макфакс

27/02/2019

19:12

2.139

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на неговиот профил на „Фејсбук“ напиша дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, успеале да се договорат за заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.

„Само што ја завршив средбата со претседателот на СДСМ, со кого се договоривме да поддржиме заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Изразувам убедување дека овој концепт ќе добие поддршка од мнозинството од нашите граѓани“, напиша Ахмети на социјалната мрежа.

Двајцата коалициони партнери попладнево остварија средба во Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг