Вооружени до заби и подготвени за напад! Планетата стравува од конечна пресметка на Индија и Пакистан: Еве колку нуклеарни бомби имаат овие сили

Точка

27/02/2019

18:12

6.523

Големина на фонт

а а а

Светот се наоѓа на чекор до нуклеарна војна, откако пакистанската војска соборила 2 индиски авиони, ден откако Индија го бомбардирала кампот за обука на исламските екстремисти кој се наоѓа во пакистанскиот дел на Кашмир.

Колку за споредба, Пакистан има 150 нуклеарни бомби, а Индија 140. 

Ова не е прв пат Индија да бомбардира исламисти во Кашмир, но тоа претходно било во пограничниот дел, а сега првиот напад бил изведен во длабочината на пакистанската територија. Индија и Пакистан од 1947-ма, кога прогласиле независност од Велика Британија, воделе три војни, од кои две поради Кашмир.

Војни и провокации :

Октомври 1947-ма

- Првата војна меѓу Индија и Пакистан поради Кашмир, само два месеци по прогласувањето на независност.

Август 1965-та

- Нова војна на соседите околу Кашмир, провинцијата поделена меѓу двете земји.

Декември 1971-ва

- Индија го поддржува отцепувањето на источен Пакистан, избива војна, која завршува со основање на Бангладеш.

Мај 1999-та

- Пакистанската армија и екстремистите ги освојуваат индиските караули во планината Каргил, Индија одговара со бомбардирање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг