Помпео: Деновите на Николас Мадуро се избројани

Макфакс

24/02/2019

18:40

1.072

Големина на фонт

а а а

Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео рече дека се ближи крајот за Николас Мадуро, кој САД не го признава за претседател на Венецуела.

„Уверен сум дека благодарение на народот во Венецуела, деновите на Мадуро се избројани“, изјави државниот секретар за „Си-ен-ен“.

Тој Мадуро го опиша како најлош од најлошите тирани и говореше за неколку стотици тони храна, лекови и хигиенска опрема кои САД ги испратиле на границата со Венецуела, а чијшто пат беше блокиран на влезот во земјата. Од друга страна, власта на Мадуро тврди дека хуманитарната помош е маневар со кој се прикрива криумчарењето на оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг