15 идеи како да го освежите домот со смирувачки пастелни бои

Точка

22/02/2019

18:41

6.357

Големина на фонт

а а а

Ако сакате во својот дом да венсете пролетна свежина и светлина, тоа можете да го направите и со само неколку детали во пастелни бои: украсни перници, прекривки, толчиња и слично.

Пастелните нијанси делуваат смирувачки, во што може да се уверите и сами, гледајќи ги овие фотографии. Собравме 15 идеи како да го освежите животниот простор со најубавите пастелни тонови.


Дизајнерите на ентериерот предлагаат да се откажете од белите ѕидови и барем еден ѕид во дневната или спалната соба, или во некоја друга просторија да го обоите во нежна пастелна нијанса на зелена, сина, сива или дури виолетова боја.

Деталите во пастелно розова боја исто така на домот ќе му дадат свежина и мекост и ќе го направат пријатен за живеење. Има многу идеи, а некои од нив може да ги погледнете во фотографиите кои ги издвоивме за вас, од кои можете да се инспирирате се за пролетен мејковер на вашиот животен простор. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг