Бразил вели дека не постои ризик од војна со Венецуела: Мадуро ја затвора границата само поради хуманитарната помош, има право на тоа

Точка

22/02/2019

18:22

1.674

Големина на фонт

а а а

Бразил го отфрлил постоењето на било каков ризик да дојде до судир на границата со Венецуела по објавата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја затвори таа граница.

"Бразилската влада засега не идентификувала можност за судир затоа што станува збор за хуманитарна помош", рекол вчера во Бразилија портпаролот на претседателството, Отавио Рего Барос. 

Тој додал дека Бразил планира да пружи своја логистичка помош за достава на таа помош за Венецуела во сабота. Исто така, потсетил дека операцијата околу хументираната помош нема да ја мине границата и додал дека храната и лековите ќе бидат пренесени во Венецуелски камиони кои ќе ги возат Венецуелци.

Мадуро вчера наредил затворање на границата меѓу Венецуела и Бразил, два дена по најавеното доаѓање на хуманитарната помош во земјата. Доаѓањето на помошта го најавил опозиционерот и самопрогласениот привремен претседател Хуан Гваидо.

Потпретседателот на Бразил, Хамилтон Мурао, не смета дека таа одлука на Мадуро претставува акт на агресија.

"Мислам дека таа реакција е само за да се блокира доставата на хуманитарна помош. Венецуела има право да прави што сака од својата страна на границата", рекол Мурао.





Спонзорирани линкови

Маркетинг