Војна со музика на границата помеѓу Венецуела и Колумбија: Милијардерот со концерт против Мадуро, претседателот возвраќа!

Точка

22/02/2019

14:40

2.847

Големина на фонт

а а а

Политичката борба во Венецуела се пренесува на музичката сцена со оглед на тоа што се одржуваат два „ривалски“ концерти на двете страни од границата помеѓу Венецуела и Колумбија.

Имено, на колумбиската страна од границата ќе настапат музичари кои што бараат од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да дозволи влез во земјата на хуманитарната помош, а веднаш на спротивната страна, на територијата на Венецуела се одржува концерт за поддршка на Мадуро.

Концертот кој на страната на Колумбија го организира познатиот американски милијардер Ричард Бренсон, потсетува на некогашниот “Live Aid” од 1985-та година кога бројни музичари настапија и повикаа на помош на Африка.


На концертот кој го организира Бренсон ќе настапат најголемите јужноамерикански ѕвезди, додека социјалистичката влада на Мадуро вети дека ќе организира тридневен фестивал под назив „Тргнете ги рацете од Венецуела“.

„Очите на светот ќе бидат вперени во Венецуела“, изјави опозицискиот лидер Давид Смоленски во пресрет на концертот додека разговарал со мигрантите од Венецуела во импровизираната народна кујна во колумбискиот град Кукута каде што пристигна американската хуманитарна помош.


„Се надевам дека се што се случи во последните неколку седмици е почеток на крајот“, изјави Смоленски.

Поддржувачите на главниот опозиционер и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо се надеваат дека концертот ќе означи пресврт после кој ќе биде формирана преодна влада. Меѓутоа, Мадуро не покажува знаци на попуштање и аналитичарите предупредуваат дека што и да се случи во наредните два дена, ниту една страна нема да забележи конечна победа.

Бренсон постави цел – да собере 100 милиони долари за 60 дена. Инаку, веќе две седмици на колумбиската страна од границата се наоѓаат два тони хуманитарна помош за граѓаните на Венецуела кои што претседателот Мадуро не дозволува да бидат внесени во државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг