Мадуро ја затвори границата со Бразил: Народот гладува, а тој не дозволува пристигнување на хуманитарна помош

Точка

22/02/2019

09:30

1.929

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела нареди затворање на копнената граница на Венецуела со Бразил и се закани дека ќе ја затвори и границата со Колумбија.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди затворање на копнената граница со Бразил и се закани дека истото ќе го стори и со границата на Венецуела со Колумбија, каде што тргна лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо да ја прифати хуманитарната помош која што пристигнува од САД.

„Одличив до 20 часот по локално време, копнената граница со Бразил да остане целосно затворена додека не донесам друга одлука“, изјави Николад Мадуро на состанокот со високата воена команда.


Мадуро исто така изјави дека размислува и за целосно затворање на границата со Колумбија, затоа што според него, има бројни провокации од страна на колумбискиот претседател Иван Дуке, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Иван Дуке го сметам за одговорен за насилствата на границата“, изјави Мадуро кој што ја повика и армијата на Колумбија да не се осуди да изврши воен напад на Венецуела.


Претходно, лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо кој педесетина земји го признаа за легитимен претседател на Венецуела, отпатува од Каракас кон западот на земјата, односно кон границата со Колумбија. Исто така, бројни автобуси со негови поддржувачи тргнале за да му дадат поддршка.

Иако Венецуела е погодена од огромни недостатоци на храна и глад, Мадуро одбива да ја прифати хуманитарната помош од САД, тврдејќи дека станува збор за политичка претстава и „Тројански коњ“, затоа што Американците сакале да го симнат од власт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг