Храна која буквално ве води во смрт

Точка

21/02/2019

18:33

9.116

Големина на фонт

а а а

Резултатите од големото истражување на француските научници покажале дека лицата кои консумираат поголема количина на екстремно преработена храна, како газирани пијалаци, индустриски леб, готови јадења, готови пилешки медалјони или месни преработки, се изложени на зголемен ризик од прерана смрт.

Но, бидејќи споменатите намирници често се поврзуваат со останатите нездрави навики како пушењето или недостигот на физички активности, научниците велат дека е потребно да се направат дополнителни истражувања за сликата да се заокружи во целост. Односот меѓу исхраната и болестите обично е сложен, и резултатите од истражувањето често погрешно се согледуваат. 

Резултатите на француските научници објавени минатата недела во списанието JAMA internal Medicine покажуваат дека со зголемување на уделот на екстремно преработени намирници во исхраната за само 10 проценти, ризикот од прерана смрт од било која причина се зголемува за 15 проценти.

Станува збор за претерано обработени и висококалорични намирници со премногу соли, шеќери, јаглехидрати, заситени масти, засладувачи и други адитиви од кои некои се канцерогени.

Станува збор во главно за јадења во чиј индустриски процес на производство се користи хидрогенизација, хидролиза, екструзија или претходна обработка со пржење.

Не смее да се заборават ни јадењата со дополнителни бои, емулгатори, засладувачи и други адитиви. Многу од нив содржат многу малку витамини и влакна.

Од порано е познато дека екстремно преработената храна го зголемува ризикот од развој на хронични болести, карцином, дислипидемија и артериска хипертензија. На основа на неколку степени на индустриска преработка, истиот тим од француски научници минатата година го проучувал влијанието на консумирањето на преработена храна на развојот на карцином.

Во склад со НОВА системот за класификација на храна, кој го признаваат светските здравствени организации, меѓу кои и "FAO" при Обединетите нации, храната, во зависност од степенот на преработка, се категоризира во четири групи - ниска или никаква преработка, користење на додатоци во подготовка на храната, преработка на храната и екстремна преработка на храната. Научниците истакнуваат дека најопасна за здравјето е групата екстремно преработена храна.

За разлика од екстремно преработената, минимално преработената храна и по обработката го задржува и изгледот и нутриентите. Во оваа група, на пример, спаѓаат претходно сечено и подготвено овошје за продажба или зеленчук спакуван во кесички. Тука се и конзервираната туна и грав, како и доматот во конзерва.

Наспроти тоа, компотите со овошје со додаден шеќер, спаѓаат во групата преработена храна, но овошните десерти со додаден шеќер, бои и средства за текстурирање се сметаат за екстремно преработена храна. Засоленото месо спаѓа во преработена храна, но чаденото месо со дополнителни нитрити и конзерванси се класифицира во екстремно преработена хана.

Истражувањето на француските научници било спроведено меѓу 2009-та и 2017-та година, а во него учествувале околу 45.000 испитаници постари од 45 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг