Истепани Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот во Шуто Оризари

Макфакс

21/02/2019

16:42

6.487

Големина на фонт

а а а

Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор, биле истепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „Макфакс“.

Роднините на кои им се јавивме велат дека и двајцата биле повредени во тепачка што настанала со обвинети лица од Диво Насеље. Роднините велат дека нивните блиски биле раскрвавени и пренесени на здравствен преглед во болниците. Лекари од Градската болница „8 Септември“ потврдија дека Миле Јанакиески бил примен и му е укажана медицинска помош. Неофицијално, нападот се случил за време на редовната прошетка што ја имаат притворените лица.

До кривичниот суд во Скопје стигнало известување за физички инцидент во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, дознава „Макфакс“ од извори во судот. Во известувањето било наведено дека станува збор за физички напад, а утре судија ќе ги посети осомничените во затворот.

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30-дневен притвор бидејќи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг