Да се замрзнеш: Температурата на Марс и до минус 95 степени Целзиусови

Точка

21/02/2019

16:16

4.169

Големина на фонт

а а а

Со само неколку "кликови" секој може да провери какво е времето на Марс, благодарение на новите научни инструменти на НАСА.

Вселенската сонда на НАСА, "InSight" овозможува секојдневни извештаи за временските прилики на Марс, кои потоа се објавуваат на интернет страните, објавила агенцијата. 

"InSight" е скратеница од "Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport".

Според последните расположливи податоци, во неделата на Марс највисоката температура изнесувала минус 17 степени Целзиусови, а најниската била минус 95 степени.

"Оваа справа ни дава чувство дека сме во посета на некоја вселенска галаксија", рекол Дон Банфилд од њујоршкиот Универзитет "Cornell", кој го води одделението за информации за временските прилики.

InSight е опремени со првиот магнетометар кој ги мери промените во локалните магнетски полиња. Роверот би требало да биде оперативен уште најмалку две години.

Новата роботска сонда на американската вселенска агенција на Марс слетала во ноември, на тој начин станувајќи првата сонда на американската цивилна вселенска програма која слетала на таа планета.

Би требало да донесе нови сознанија за историјата на Марс, но и нашата планета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг