Откриени се цените на T-Cross: Дали ова ќе биде новиот хит на Фолксваген?

Точка

21/02/2019

17:19

2.574

Големина на фонт

а а а

Најмалиот SUV од Волсбург наскоро ќе биде пуштен во продажба, а откако е откриен ценовникот, може да се каже дека овој автомобил има големи шанси за одличен успех на пазарот.

Најмалиот модел од “T” семејството на германски Фолксваген, ќе биде помал од моделот T-Roc, но поголем од Polo. Од Фолксваген со овој модел ќе се обидат најмногу да ги придобијат младите луѓе.

Во понудата ќе има само бензински мотор, а цената на основниот модел на T-Cross со мануелен менувач (1.0 TSI, 95 коњски сили) започнува од околу 17 илјади евра (во зависност од пазарот). Life пакетот со 1.0 TSI мотор со 115 коњски сили ќе се продава по цена од околу 18 илјади евра, а помоќната верзија со мануелен менувач и Style пакет ќе се продава по цена од околу 19 илјади евра.


Доколку се одлучите за верзија со автоматски DSG менувач, тогаш за почетниот Life пакет ќе треба да платите 20 илјади евра, а за Style пакетот ќе треба да издвоите околу 22 илјади евра.

Сега останува да видиме каква опрема Фолксваген ќе понуди во овие два пакети, а дали цената е коректна или не, најдобро ќе покаже времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг