Xiaomi призна: „Провидниот“ Mi 9 Explorer Edition воопшто не е провиден

Точка

20/02/2019

18:19

3.546

Големина на фонт

а а а

Кинескиот производител призна дека „видливите компоненти“ на паметниот телефон Mi 9 Explorer Edition всушност се обични гравирани детали на куќиштето.

Xiaomi минатата година ја претстави атрактивната верзија на паметниот телефон Mi 8 со назив Mi 8 Explorer Edition – телефон со провидна позадина низ која се добиваше впечаток дека се гледаат внатрешните елементи.

Сепак, проблемот е во тоа што внатрешните делови, всушност биле стилизирани, гравирани елементи на самото куќиште, кои што ги прекриваат вистинските делови кои што се наоѓаат во внатрешноста на телефонот.


Истото ќе се случи и со најновата верзија на овој телефон, Xiaomi наскоро ќе го претстави Mi 9 Explorer Edition кој што исто така ќе има „провидна“ позадина, со тоа што позадината всушност нема да биде провидна.

Ова го потврди директорот на кинеската компанија, Леи Јун кој што призна дека „внатрешните компоненти“ се само гравирана алуминиумска плоча која ги имитира стилизираните внатрешни компоненти, пренесува “Android Police”.


Што се однесува до самите спецификации на моделот, од Xiaomi не открија премногу, освен тоа дека новиот Mi 9 Explorer Edition ќе пристигне со камера од 48 мегапиксели која ќе работи со помош на вештачка интелигенција, а телефонот ќе располага и со 12 GB RAM меморија.