Венецуелскиот генерал јасен: Ќе го смените Мадуро само преку нас мртви

Точка

20/02/2019

10:41

2.599

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, денес изјавил дека опозицијата ќе мора само на сила да го смени претседателот Николас Мадуро и да воспостави нова влада.

"Само преку нас мртви", рекол Падрино на државната телевизија во изјавата упатена "до оние кои се обидуваат да бидат претседатели тука во Венецуела", а алудирајќи на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо. 

Падрино нагласил дека и дека вооружените сили на Венецуела ќе останат стационирани на границите на земјите, за да се спречи потенцијално загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, како и дека офицерите и војниците во Венецуела останале "послушни и подредени" на претседателот Николас Мадуро.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во својот говор денес јавно ја повикал војската на Венецуела да ја поддржи владата на Гваидо.

Трамп и порачал на војската на Венецуела дека ако продолжи да го поддржува актуелниот претседател Николас Мадуро, "нема да најде никакво безбедно пристаниште, ниту пак лесен излез".




Спонзорирани линкови

Маркетинг