Мадуро му одговори на Трамп и го спореди со Нацистите: Тие мислат дека ја поседуваат оваа земја

Точка

19/02/2019

17:38

1.863

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп кој што порача дека „доаѓаат нови денови за Венецуела“.

Мадуро, чиј што претседателски мандат во Венецуела го оспоруваат САД и бројни европски и јужноамерикански земји, ги отфрли зборовите на Доналд Трамп и говорот на американскиот претседател во Мајами го спореди со говорот на Нацистите.

Трамп синоќа порача дека Соединетите Американски Држави стојат зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и ја осуди социјалистичката политика на Николас Мадуро и неговата влада. Трамп ја повика војската на Венецуела да застане зад Хуан Гуаидо и ги предупреди на тешки последици доколку продолжат да го поддржуваат Мадуро.


Набрзо после говорот на Трамп, се огласи Мадуро кој што неговиот говор го спореди со говорот на Нацистите. Мадуро исто така го нападна шефот на Белата куќа поради тоа што Трамп мислел дека може да ѝ наредува на војската на Венецуела.

„Кој е командант на вооружените сили на Венецуела? Доналд Трамп од Мајами? Тие мислат дека ја поседуваат оваа земја“, порача Николас Мадуро.

Руската новинска агенција „ТАСС“ пренесува дека Николас Мадуро потврдил дека Русија ќе испрати 300 тони лекови во Венецуела: „Во среда 300 тони легитимна хуманитарна помош ќе пристигнат од Русија. Ние го плативме тоа“.


Мадуро меѓу другото исто така порачал дека Венецуела треба да започне да произведува сопствени вооружени системи за да се брани. Претседателот на оваа јужноамериканска земја исто така нагласи дека Венецуела поседува добри одбранбени системи, вклучувајќи и домашни ракетни системи.

Инаку, Русија е најголемиот извозник на оружје во Венецуела од 2006-та година кога се влошија односите на релација Каракас – Вашингтон. САД во мај 2006-та година ја осудија „недоволната соработка на Венецуела во борбата против тероризмот“ и на земјата ѝ воведоа ембарго на оружје и воена опрема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг