Захарова: Повикот на Трамп до војската на Венецуела е уцена

Макфакс

19/02/2019

11:27

1.177

Големина на фонт

а а а

Повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп, дo венецуелската војска да ја поддржи опозицијата предводена од Хуан Гваидо треба да се смета за уцена, оцени портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Уцена како средство за повраток на демократијата на народот на Венецуела“, напиша Захарова на својот фејсбук-профил како реакција на говорот на Трамп во Мајами и неговиот повик на војската на Венецуела да ја поддржи опозицијата, да дозволи поминување на хуманитарниот конвој и така да биде амнестирана или во спротивно ќе изгуби сè.



Спонзорирани линкови

Маркетинг