Нов небесен феномен: Вечерва нѐ очекува најголемата и најсветлата полна месечина во 2019 година, а еве зошто ја нарекуваат “Гладна Месечина”

Точка

19/02/2019

10:18

4.741

Големина на фонт

а а а

Вечерва, полната Месечина ќе биде најголема и најсветла во 2019 година бидејќи се наоѓа на точка која е најблиска до Земјата, односно на околу 365.800 километри.

Февруарската полна Месечина традиционално е позната како “снежна или гладна Месечина”, затоа што во текот на овој небесен феномен често можат да се видат најсилните снежни врнежи, а доаѓа на крајот од зимата кога залихите на храна се при крај (оттаму и “гладна”). 

Месечината ќе биде најблиску до Земјата во 09:06 часот наутро над Велика Британија, а полна ќе биде во 15:53 часот. Ќе биде видлива откако ќе се крене во 17:11 часот, пишува “Independent”. Ова е втора Супермесечина оваа година, по крвавата Месечина од 21-ви јануари.

Супермесечината ќе изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посветла од Месечината во нејзината најоддалечена точка од Земјата, односно на 405.500 километри.

Следната таква појава која се нарекува топла Месечина, ќе може да се види на 21-ви март, неколку часа од официјалниот почеток на пролетта. Делумно помрачување на Месечината ќе биде видиво во ноќта помеѓу 16-ти јули, а следното целосно помрачување на Месечината нема да се случи сѐ до 2021 година.


Помрачувањето минатиот месец беше делумно видливо поради појавата на облаци, но некои набљудувачи од Велика Британија сведочеле за судар на неодреден предмет со Месечината во текот на помрачувањето.

Научниците веруваат дека станува збор за предмет со големина на топка, со тежина помеѓу 20 и 100 килограми, кој удрил во Месечината со брзина од околу 47.000 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг