Трамп и се заканил на војската на Венецуела: Ако продолжите да го поддржувате Мадуро, сè ќе изгубите

Точка

19/02/2019

09:10

1.359

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп, рекол дека "доаѓа нов ден во Латинска Америка", во текот на своето обраќање во Мајами во настојување да ја добие поддршката од најголемата венецуелска заедница во САД за лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.

Зборувајќи на Меѓународниот универзитет Флорида во Мајами, Трамп рекол дека САД стојат зад Гваидо, кого го признале како законски претседател на земјата. 

Американскиот претседател јавно ја повикал војската на Венецуела да ја поддржи владата на Гваидо.

Трамп и порачал на војската на Венецуела дека ако продолжи да го поддржува актуелниот претседател Николас Мадуро "нема да најде никакво сигурно пристаниште, ниту лесен излез".

"Сè ќе изгубите", се заканил американскиот претседател и додал дека САд се заложува за мирна транзиција на власта, но дека "сите опции се на столот".



Спонзорирани линкови

Маркетинг