Жестока закана на руски адмирал: Ако американските бродови пристигнат во Црното море, тие нема да излезат од таму!

Точка

17/02/2019

10:14

8.010

Големина на фонт

а а а

Ако бродовите на американската воена морнарица влезат во Црното море, тие повеќе нема да можат да излезат, изјави контра-адмиралот на руските поморски сили, Владимир Богдашин.

Богдашин, коментирајќи ги плановите на НАТО Алијансата за давање на дополнителна поддршка на Украина во водите на Црното море, упати остра закана до САД.

„Според меѓународната конвенција од Монтре, сите бродови, освен носачите на авиони и нуклеарните подморници, можат да влезат во водите на Црното море и таму да останат одредено време. Странските бродови мора да ја известат Турција, а Американците ја користат таа конвенција веќе подолго време“, изјави Богдашин и додаде:

„Ние во 1988-ма година истуркавме американски воен брод, по што тие не се приближуваа повеќе од 150 километри од рускиот брег. Украина има право да ги повика американските бродови, но мора се сфати дека таму не смее да има повеќе од 3-4 бродови. Тоа за нас не претставува опасност, туку само смеа. Но, ако целата американска флота влезе во Црното море, тие нема да излезат, нема да се вратат назад, јас ви гарантирам 100%“, порача рускиот адмирал.


Неодамна генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата би можела да ја зајакне својата присутност во Црното море и дека околу тоа, неформално се разговарало со украинскиот министер за одбрана Степан Полторак.

Столтенберг јасно порача дека НАТО и Украина веќе подолго време соработуваат во водите на Црното море и нагласи дека за неколку дена ќе бидат одржани воени вежби во кои ќе учествуваат и бродовите на НАТО Алијансата.


Иако рускиот генерал упати закана, сепак на Запад ретко кој ќе ги сфати неговите зборови сериозно. Од шест држави кои што излегуваат на водите на Црното море, три се земји членки на НАТО Алијансата (Турција, Бугарија и Романија), додека Украина и Грузија имаат аспирации за да станат членки на НАТО Алијансата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг