Европскиот парламент ја поддржа употребата на канабис за медицински цели

Точка

16/02/2019

15:01

2.866

Големина на фонт

а а а

Охрабрени од одлуките на Светската здравствена организација, европските пратеници ја усвоиле резолуцијата за поддршка на употреба на канабисот за медицински цели и бараат дополнителни истражувања во оваа област.

Членовите ги повикуваат Европската комисија и земјите членки на ЕУ да дефинираат што е медицински канабис, со цел да се спречи злоупотребата, како и да се обезбедат средства за нова програма за истражување на ефектот на канабисот.

„Истражувањата за примена на канбисот за медицински цели и понатаму продолжува“, истакнала Вера Јурова, европски комесар за заштита на потрошувачите.


Сеопфатната регулација на лекови базирани на канабис, треба да го ограничи црниот пазар и да обезбеди гарантиран квалитет на производите, како и ограничен пристап до канабис на малолетни лица, според Европскиот парламент.

Важно е да се дефинира можноста за правна сигурност, како и пристапот на пациенти кои би можеле да користат канабис за медицински цели, со посебни мерки на претпазливост кај младите и бремените жени, наведено е во резолуцијата.

Членовите на Европскиот парламент веруваат дека има доволно позитивни и задоволителни параметри кои докажуваат дека канабисот има терапевтски ефекти, во лекувањето на хронична болка кај возрасните, а исто така го намалува гадењето и повраќањето кое се појавува како резултат на хемотерапијата.


Исто така било истакнато дека канабисот дава позитивни резултати во третманот на спазматични симптоми кај пациентите со мултиплекс склероза.

Многу е важно, на што предупредуваат и лекарите, при лечењето да не се злоупотреби употребата на канабис, бидејќи таа се смета за опасна, нелегална дрога, како и дека треба да им се обрне внимание на пациентите дека канабисот не можат да го земаат за секаква болка во телото.

Според анализите на порталите за аналитичка политика, најлибералните земји во Европа, кога станува збор за употребата на канабис, се Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг