Овој детаљ во новиот трејлер за цртаниот филм "Frozen" ги воодушеви Твитерџиите: "Елса е лезбејка"

Точка

16/02/2019

15:38

4.939

Големина на фонт

а а а

Излезе трејлерот за новото продолжение на цртаниот филм "Frozen", а поради облеката која ја носи главниот лик Елса, ЛГБТ заедницата е воодушевена и тврди: "Елса е лезбејка!"

Во една сцена во која Елса се обидува да премине преку океанот така што ќе го замрзне, на себе носи син комбинезон поради што на Твитер се отвори дискусија. 


"Елса е во одело! Елса е геј!", "Елса изгледа како многу одлучна лезбејка која се обидува да го премине океанот поради својата девојка со која е во врска на далечина", "Елса во тој син комбинезон испраќа моќна геј енергија", "Ѝ дадоа панталони на Елса", пишуваа воодушевените корисници на Твитер.

##https://twitter.com/paulsonblunts/status/1095710237825355777##

Секако, имаше и такви кои веднаш повикаа на бојкот на цртаниот филм.

Инаку, пред неколку години на Твитер се покрена расправа за тоа дека Елса би требало да биде прикажана како лезбејка во цртаниот филм, а после тоа се јавија и авторите и одговориле дека се отворени за сите опции. На тоа десничарите збеснале и дури покренале петиција со која сакаа да се обидат да го забранат филмот. 

##https://twitter.com/valentinacarvjl/status/1095700919033856000##




Спонзорирани линкови

Маркетинг