Почина германскиот глумец Бруно Ганц, најпознатиот филмски Хитлер

Точка

16/02/2019

14:46

3.514

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот глумец Бруно Ганц, еден од најпознатите глумци од германско говорно подрачје, почина во петокот на 77 годишна возраст во Цирих, јавуваат германските медиуми.

"Бруно Ганц почина во својот дом во Цирих на 77 годишна возраст", потврдува за Frankfurter Allgemeine Zeitun агентката на глумецот. 

Ганц веќе подолго време боледувал од рак.


Бруно Ганц спаѓа меѓу најистакнатите глумци од германско говорно подрачје и со години работел со влијателни режисери како Питер Задек или Клаус Пејман.


Меѓународната репутација ја стекна со филмските улоги пред се со онаа на Адолф Хитлер во филмот "Хитлер: Конечен пад", но и со главната улога во филмот "Небото над Берлин" во улога на Вим Вендерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг