Мојот сопруг е најдобриот сопруг на светот! Ким Кардашијан „паднала во несвест“ од изненадувањето кое Кание ѝ го приредил за вчерашниот празник

Точка

15/02/2019

18:56

6.027

Големина на фонт

а а а

Најпопуларната старлета, Ким Кардашијан Вест, на социјалните мрежи споделила дел од вчерашното изненадување кое Кание ѝ го приредил по повод Денот на вљубените.

Станува збор за многу оригинален начин, а старлетата на својот сопруг поради вниманието и оригиналноста му доделила „награда за најдобар сопруг“.

Имено, Ким во собата ја пречекала неверојатна сцена со еден куп разнобојни ружи и популарниот саксофонист Кени Џи, кој свирел само за неа.


„Наградата за најдобар сопруг оди кај мојот сопруг! Најубавата замисла некогаш“, напишала Ким.

Саксофонистот ја извел и песната „Somewhere Over the Rainbow“, а мелодијата од оваа нумера тотално ја разнежнила Ким.

Раперот очигледно знае како да ја остави својата сопруга без здив, па така пред шест години ја запросил на стадионот во Сан Франциско со придружба на оркестар.


Семејството Кардашијан му придава големо значење на Денот на вљубените, а како што велат, со оглед на тоа што многу се сакаат сите членови на ова семејство, не е возможно едни на други да не си даруваат подароци на овој ден на љубовта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг