Пристигнува биографската драма за животот на познатиот англиски писател Толкин

Точка

15/02/2019

17:34

2.382

Големина на фонт

а а а

Објавен е првиот трејлер за биографската драма "Tolkien" за животот на англискиот писател, поет, филолог и професор Џ.Р.Р. Толкин, а на кино платната ќе пристигне во мај оваа година.

"Tolkien" е ново остварување на финскиот режисер Доме Карукоски, а според сценарио кое заедно го напишале Дејвид Глисон и Стивен Бересфорд. 

Да се потсетиме, Толкин е најпознат како автор на делата "The Hobbit", "The Lord fof the Rings" и "Silmarillion".


Приказната на филмот се базира на школските денови на познатиот писател, неговите пријателства, првата љубов и уметничката инспирација.

Главната улога во драмата ќе ја толкува Николас Хулт кој го глуми Толкин, а покрај него во филмот ќе ја гледаме и Лили Колинс во улога на Едит Брат, неговата голема љубов. Покрај нив двајца, улоги во филмот "Tolkien" остваруваат и Мими Кин, Жанвиев О'Рајли, Пем Ферис, Крег Робертс, Дерек Џакоби и многу други.

Премиерата на оваа драма е закажана за 10 мај во Америка, а потоа ќе оствари и светска кино дистрибуција.