Лекарски конзилиум одлучува дали да се ампутира ногата на 20-годишна пациентка

Макфакс

15/02/2019

13:20

2.514

Големина на фонт

а а а

Конзилиум на лекари одлучува дали да се ампутира ногата на 20-годишна пациентка, информираше денеска мистерот за здравство Венко Филипче.

Тој на прес-конференција рече дека во Градската општа болница ,,8 Септември” се лекуваат 28 пациенти. Шестмина ќе бидат пуштени на домашно лекување.

,,Од вкупниот број пациенти 6 се на интензивно лекување, кај двајца се направени хирируршки интервенции. Двајца се на машини за дишење и нивната состојба е критична. Кај нив има повеќе повреди, но засега кај нив нема потреба од интервенција. Во Клиничкиот центар на една млада пациентка на 20-ина година и е згменчена ногата. Конзилиум на лекари одлучува дали ќе и’ биде ампутирана ногата”, рече министерот за здравство.

Во Клиничкиот центар се лекуваат 8 пациенти на различни клиники.

Директорот на болницата, Христијан Костов вели дека поради влошување на состојбата и гувење крв, извршена е хируршка интервенција кај 15 -годишен пациент и 40-годишник. Најпрвин е оперирано момчето по полноќ, кое имало повреда на црниот дроб и цревата со крварење во стомакот. Кај вториот пациент е отворена абдоминалната шуплина, кај тенкото црево. Во моментот се во добра состојба и стабилни. Нивната состојба се следи, информираат надлежните.

,,Потреба од крв нема”, рече директорот на болницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг