Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Макфакс

15/02/2019

10:50

1.347

Големина на фонт

а а а

Во земјава денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа, што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово, а во која животот го загубија 14 луѓе, а 37 беа повредени.

Според последните информации, во критична состојба се наоѓаат петмина од повредените, од кои двајца се хоспитализирани во ГОБ „8-ми Септември“, а тројца на скпските клиники.

МВР ги утврди идентитетите на загинатите, а беше извршен и увид на местото на несреќата. Автобусот вчера беше однесен во касарната во Ѓорче Петров, каде професори од Машинскиот факултет ќе вршат вештачење на истиот.

Анализата на примероците на крв и урина покажаа дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции. Со барање листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон“, соопштија од Обвинителството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг