Нејмар е убеден: ПСЖ ќе ја освои ЛШ

Дерби

14/02/2019

18:20

1.957

Големина на фонт

а а а

Бразилската супер ѕвезда, Нејмар верува дека неговиот сегашен тим е подготвен да ја освои Лигата на шампионите.

Напаѓачот кој во моментов е надвор од терените и се рехабилитара по повредата смета дека квалитетниот состав и генијалниот тренер како што е Томас Тухел ќе им овозможи оваа година да се радуваат на трофејот во најелитното натпреварување.

-ПСЖ ќе ја освои ЛШ. ПСЖ не сум само јас, тоа е одличен тим со одлични спортисти и генијален тренер. Покрај тоа, навивачите на ПСЖ се како 12 играч кога играме во Париз. Немам сомнеж дека ќе бидеме шампиони и дека јас ќе играм, -вели „десетката“ на „светците“.

Да потсетиме, ПСЖ е на добар пат да обезбеди пласман во четвртфиналето на ЛШ, откако во првиот меч против Манчестер Јунајтед славеше со 2-0 на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг