Филипче: Од возачот се очекуваат клучни информации за несреќата

Макфакс

14/02/2019

12:03

3.690

Големина на фонт

а а а

Седуммина од патниците кои што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба.

,,Се надевам дена овие седум луѓе ќе ја надминат кризата”, изјави премиерот Зоран Заев по посетата на повредените во Градската општа болница ,,8 Септември”. Тој потенцираше дека бројот на жртвите до синоќешната сообраќајна на патот Скопје – Тетово е 14 лица.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, во Градска општа болница синоќа биле примени 37 пациенти, 8 се во Клиничкиот центар, двајца во 2 тетовската болница и еден во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Од нив четворица се оперирани.

И возачот бил примен во болница, но, како што информира Филипче, му биле констатирани лесни телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Обвинителот е во постојан контакт со него и се надеваат дека тој ќе даде клучни информации како настанала несреќата. Меѓу повредените во Градска има 19 годишно девојче, како и портпарол на ЕВН.

Премиерот и министерот за здравство се надеваат дека сите повредени ќе бидат добро.

Заев, Филипче и вицепремиерот Бујар Османи кои ги посетија повредените во Градската општа болница ,,8 сепетмври”, изразија благодарност до сите служби за брзата реакција.

Посебна благодарност премиерот упати кон жителите на селото Ласкарци, кои што први излегле на местот на несреќата за покажаната човечност и големина, што за многумина било од пресудно значење за спасувањето на животите.

,,Сакам да потенциран дека нашиот фокус е кон помош на повредените, како и помош на семејствата на загинатите”, рече премиерот.

Најмногу од пациентите биле донесени во Градската општа болница, каде вработените реагирале максимално професионално и брзо, но ја истакна и помошта добиена од приватните болници, кои што исто така помагале во прифаќањето на пациентите.

Тие апелираат до семејствата да бидат смирени и дека ќе ги добијат сите потребни информации за повредените. Во болниците се назначени лица за контакт со нив. Тие потенцираат дека имало потешкотии само околу идентификувањето на починатите, а за сите останати е познат идентитетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг