Син на пратеник загина во автобуската несреќа кај Карпалак

Макфакс

13/02/2019

23:15

16.266

Големина на фонт

а а а

Јовица Трпевски, син на пратеникот од СДСМ Благојче Трпевски, е еден од загинатите во трагичната автобуска несреќа кај Карпалак, дознава „Макфакс“.

Засега официјалните информации за исходот од немилиот настан е дека 13 лица се загинати, а осуммина се борат за живот. Телата на седум починати се пренесени во судска медицина каде што ќе биде извршена обдукција.

Автобусот на „Дурмо Турс“, кој се движел од Скопје кон Гостивар, околу 17 часот излетал од автопатот кај Карпалак по што на лице место починале 7 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг