Бајрами: Држете ме за збор, за мене нема роднини и пријатели

Макфакс

13/02/2019

14:46

1.321

Големина на фонт

а а а

Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука дека нема судир на интереси во изборот на Нури Бајрами за член на антикорупциската, кој е баџанак со спикерот на Собранието, Талат Џафери.

Комисијата го разгледа ова прашање и во согласност со член 8 од Законот за спречување на корупцијата, каде што се наведува кои се роднини на блиско семејство и сватовство, а во согласност и со одлуката на Уставниот суд, со која се појаснети роднини по сватовство до втор степен, нема судир на интереси, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Бајрами повтори дека нема да дозволи никакви притисоци и влијанија.

„Следете ме и држете ме за збор, за мене нема блиски и роднини, не сум тука кариера да правам, при крај сум со работниот век, не е проблем оставката, но тука сум да го пренесам искуството. Жена ми е во приватен сектор, синот е надвор од државата. Јас ако ѝ пречам на Комисијата, ќе се повлечам, но не би се повлекол на ваков начин само заради шоу“, рече Бајрами.

Нури Бајрами на денешната седница беше избран за заменик-претседател на Комисијата по принцип на лотарија. Тој ќе биде на позицијата заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација ќе биде избран друг член.



Спонзорирани линкови

Маркетинг