Марио Балотели со провокација кон Манчестер Јунајтед на вчерашниот натпревар со ПСЖ

Дерби

13/02/2019

12:49

1.721

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот напаѓач, Марио Балотели повторно се најде во центарот на вниманието откако успеа да го испровоцира стариот ривал, Манчестер Јунајтед на вчерашниот пораз од ПСЖ со 2:0.

Кога веќе се знаеше дека парижаните ќе си заминат со победа од „Олд Трафорд“, Марио Балотели на својот Твитер профил објави видео во кое се гледа дека се забавува затоа што неговиот поранешен ривал губи од францускиот тим.

Напаѓачот на Марсеј најпрво објави видео од 13 секунди на кое се гледа како фудбалерите на ПСЖ се додаваат со топката, а над видеото имаше текст: - Манчестер Јунајтед ооооооле… со кој беше провоциран и новиот тренер на „Ѓаволите“.

Потоа Балотели објави фотографија од натпреварот во кој Сити го разби Манчестер Јунајтед со 6:1 и напиша: - Фановите на Сити се среќни! Добра ноќ…за на крај да го објави и последниот статус во кој напиша дека не е фан на ПСЖ.

Набрзо Балотели ги избриша сите овие „Твитови“ кои го навлекоа гневот на навивачите на Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг