Скопје и Атина ги информираа Обединетите Нации дека договорот стапил на сила

Макфакс

13/02/2019

12:42

915

Големина на фонт

а а а

До Генералниот секретар на Oбединетите Нации, Антонио Гутереш, вчера било доставено заедничкото писмо за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба, со што се става крај на спорот меѓу Македонија и Грција, велат од Министерството за надворешни работи.

Вербалните ноти до Секретаријатот на ОН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ОН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е земјава, ќе бидат испратени во најкус можен рок, истакнуваат од МНР, додавајќи дека овој процес е во тек.

Вчера, на сила стапи преспанскиот договор со што земјата формално стана Република Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг