Венгер за поразот на Јунајтед: Хендикепот на ПСЖ се претвори во негова предност

Макфакс

13/02/2019

11:55

1.355

Големина на фонт

а а а

Поразот на Манчестер Јунајтед од ПСЖ донесе големо разочарување меѓу армијата фанови на „црвените ѓаволи“, а најголем дел од нив беа и разочарани од настапот на домаќините на „Олд Трафорд“.

Поранешниот менаџер на големиот ривал Арсенал, Арсен Венгер, беше еден од гостите во студиото на „БеИН“ кој ги анализираше случувањата во ова осминафинале, а во своето резиме посочи дека Јунајтед го загубил натпреварот поради „поразот“ на средината на теренот.

– Во Лигата на шампионите не смеете да дозволите противникот да доминира во средниот ред. Цел натпревар Јунајтед дозволи доминација во средниот ред, ПСЖ играше со пет играчи за врска и неговите играчи никогаш не ја губеа топката.

– Од друга страна, Јунајтед никако не можеше да ја освои топката, а и кога се случуваше тоа, ја губеше бргу бидејќи противникот доминираше. Кога играте на домашен терен и кога не можете да ја задржите топката, секогаш сте во неволја, а тоа му се случи вечерва на Манчестер. Јунајтед изгледаше многу лошо во споредба со класата на ПСЖ и испадна дека за гостите беше предност да играат со пет фудбалери во средниот ред и со помалку напаѓачи на теренот, – истакна Венгер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг