ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за Клинички центар на СДСМ е 4 пати поскап од нашиот

Макфакс

13/02/2019

10:52

949

Големина на фонт

а а а

Наместо нов Клинички центар за две години од сега, како што беше предвидено од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја поништи постапката за веќе готов проект само за да распише оглас за 4 пати поскап проект, чијшто почеток е дискутабилен, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„СДСМ наместо 120 милиони евра, ќе потроши 480 милиони евра за ист проект. Каде ќе заминат над 360 милиони евра народни пари? Граѓаните ќе ја имаа истата услуга за 4 пати помала цена“, прашува опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението додава дека СДСМ создале хаос во здравството, а антиваксерската кампања која ја терале, сега ги чини граѓаните животи.

Од ВМРО-ДПМНЕ и утрово бараат итно спроведување на предвремени парламентарни избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг