Ибрахимовиќ посочи кој тим ја има фаворитската улога во двомечот меѓу Јунајтед и ПСЖ

Дерби

12/02/2019

18:45

2.672

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ во овој момент настапува за американскиот тим ЛА Галакси и одлучи да остане во овој клуб без оглед на тоа што имаше неколку примамливи понуди од Европа, а во последните неколку часа легендарниот шведски напаѓач се најде во центарот на вниманието поради најавата која ја даде за вечерашните случувња во Лигата на шампионите.

Ибра како поранешен голгетер на Јунајтед и ПСЖ дефинитивно е најкадарен да дава прогнози за тоа што може да се случи на овие две пресметки во Манчестер и Париз, а иако одби да избере страна и да издвои свој фаворит, сепак нагласи дека му дава мала предност на ПСЖ за пласман во четвртфиналето.

– ПСЖ игра против тим кој се наоѓа во својот најдобар момент и се може да се случи кога е во прашање Јунајтед. Без разлика на тоа против кого играат, во овој момент имаат огромна самодоверба. Ако ме прашавте пред извесно време, ќе кажев дека ПСЖ е апсолутен фаворит, но сега ќе биде многу тешко. Сепак и натаму мислам дека ПСЖ е благ фаворит поради ширината на составот и играчите, но кој и да победи, јас сум победникот. Кој и да отиде понатаму, јас имам свој тим во Лигата на шампионите. Ќе бидам задоволен што и да се случи, – објаснува Ибра во интервјуто за „Фокс Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг