Им се спротивставиле на критичарите на социјалните мрежи кои ги нарекувале "изопачени", дури и тврделе дека Лоу во таа врска е поради секс и пари. Таа вели дека никој не може да им суди.
20-годишната манекенка Лоу Несбит го запознала 56-годишниот Егон Ковалски од Рур во Германија пред три години, а меѓу нив веднаш се родила привлечност.
На Лоу во ниеден момент не и пречела разликата во годините, додека Егон на почетокот бил многу скептичен. Сепак, една година откако се запознале, во септември 2017-та година почнале да се гледаат.
Парот вели дека благодарение на заедничките интереси и сличната смисла за хумор, разликата во годините не била проблем, и дека нивните родители ја прифатиле нивната врска.
Им се спротивставиле на критичарите на социјалните мрежи кои ги нарекувале "изопачени", дури и тврделе дека Лоу во таа врска е поради секс и пари.
"Имаше уште неколку луѓе околу нас, фотографи и камермани, така што не беше типично окружение во кое некој за прв пат се запознава", рекла Лоу потсетувајќи се на моментот кога на снимање за прв пат го видела Егон.
"Се заљубив во него бидејќи некако е сличен со мене. Имаме слична смисла за хумор и можеме да зборуваме за се. Ја сакам неговата смисла за хумор, неговата харизма и што е секогаш тука за мене кога ми е потребен", објаснува Лоу.
"Никогаш немав проблем со нашата разлика во години, бидејќи и покрај тоа, ние сме многу слични. Толерантна сум и никогаш не сум осудувала луѓе за такви работи", објаснува младата манекенка.
Егон прво бил малку скептичен, но брзо сфатил дека постојат многу поважни работи од разликата во години и дека тие други работи ги прават добар пар.
"Досега немаше многу проблеми во врската. Повеќето проблеми доаѓаат од околината, општеството , но се обидуваме да се насмееме за тоа и да ги решиме препреките кои ни се на патот", објаснила Лоу.
Манекенката вели дека нивните родители добро ја примиле нивната врска и дека сакаат да им докажат на скептиците дека годините не се важни кога луѓето се заљубени.

Коментарите кои ги добиваат на социјалните мрежи досега биле негативни, но тоа не ги спречило да ја споделуваат својата љубов со 31.500 пријатели на Инстаграм.
"Луѓето велат дека нашиот однос е одвратен или изопачен, дека станува збор само за секс или пари и дека тоа не може да биде вистинска љубов. Тоа нешто што ни го пишуваат секој ден, но учиме да живееме со тоа", објаснува Лоу.

Додава дека повеќето млади луѓе и гледаат на чуден начин, но таквите луѓе ги игнорираат.
"Односите не зависат од годините, полот и изгледот, туку од тоа колку сте среќни заедно и како се однесувате еден со друг, а од надвор никој не може да ви суди", заклучила таа.

















