Марсело им одговори на „злите јазици“: Невозможно е да играте фудбал со седум килограми повеќе

Дерби

11/02/2019

20:30

2.240

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Марсело дефинитивно ги минува најтешките моменти како играч на Реал Мадрид, бидејќи во последно време наиде на безброј критики од јавноста, а исто така го загуби и стартното место од младиот Регилон.

Искусниот дефанзивец во интервјуто за „Еспорте Интеративо“ откри дека тој бил првиот кој дознал дека Кристијано Роналдо ќе си замине од Реал Мадрид, но исто така, го искористи ова интервју и за да им одговори на критичарите кои велат дека Бразилецот игра во ужасна форма поради тоа што има седум килограми повеќе од потребното.

– На таквите шпекулации не гледам како вест бидејќи тоа е една вистинска лага. Медиумите знаат да измислуваат вакви работи за да му направат штета на еден професинален фудбалер. Невозможно е да играте фудбал со седум килограми повеќе, – порачува Марсело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг