Му висат нозете од устата на питонот: Во дворот снимил хорор сцена

Точка

11/02/2019

15:41

7.011

Големина на фонт

а а а

Голем питон изел цел валаби во австралиски двор откако поплавите исфрлиле влекачи од нивните живеалишта во домовите на луѓето.

Флаинг Фиш Поинт од Квинсленд, Австралија, во паника повикал екипа за фаќање змии, откако во петокот забележал 4-метарски питон, кој за малку ќе го изедел неговото куче.

Регионот неодамна го погодиле монсуни и тешки поплави, кои ги дислоцирале змиите, крокодилите и другите животни, а еден Австралијанец во својот двор забележал сцена од ноќна мора. Кога ја приклучиле камерата, на валабито му се гледале само нозете, а луѓето кои биле собрани околу питонот, коментирале дали ќе успее да се извлече.

Source: Monster Python Devours Wallaby Whole In Australian’S Backyard As Floods Displace Reptiles by Caters_News

„Цел го проголта“, коментирале луѓето. „Тоа е голема змија“, рекол водичот на екипата за фаќање змии, Џон Боетчер, кога наишол на сцената. “Беше тешко да ја преселиме змијата, а да не ја изложиме на стрес за да не го поврати валабито.“

„Сопственикот на куќата нè повика загрижен, бидејќи змијата го ловела неговиот германски овчар, што е навистина ретко на ова подрачје.“


Овој вид на питон (Morelia amethistina) е најголем од сите видови на змии во Австралија и може да порасне до 8 метри.

Иако не се отровни, можат да нанесат болни загризи и да направат оброк од животно, како што се варабите, па дури и крокодилите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг