Дончиќ продаде маалска финта во НБА лигата и го направи смешен искусниот Илјасова

Дерби

09/02/2019

13:56

2.591

Големина на фонт

а а а

Милвоки ја продолжи својата серија на добри резултати и славеше уште една победа на гостувањето кај Далас (107:122), а како што можеше да се очекува, најрасположени за игра беа двете најмлади ѕвезди во двата тима.

Јанис Адетокумбо повторно доминираше во рекетот и го заврши мечо со 29 поени, додека одличен беше и Лука Дончиќ кои своите 20 поени ги збогати и со еден потег со кој направи да изгледа смешен искусниот турски кошаркар, Ерсан Илјасова. Словенецот му продаде една маалска финта со лажно додавање, а овој потег ги воодушеви и американските коментатори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг