Голем удар за Мадуро: Банката на Англија одби да му исплати на лидерот на Венецуела 1,2 милијарди долари во злато

Точка

26/01/2019

14:10

4.232

Големина на фонт

а а а

Банката на Англија одби да исплати 1,2 милијарди долари во злато на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува „Блумберг“.

Според изворите на споменатиот медиум, од банката одбиле да му го исплатат побараниот износ на претседателот на Венецуела, затоа што високи функционери од американската влада, меѓу кои и советникот за национална безбедност Џон Болтон, извршиле силен притисок врз Велика Британија.

„Блумберг“ сега пренесува дека Американците се обидуваат да ги поврзат парите со самопрогласениот лидер на државата, Хуан Гуаидо кој што е лидер на опозицијата во Венецуела и веќе многу држави го признаа за привремен лидер на земјата.


Самиот Гуаидо ја поздрави одлуката на Банката на Англија, истакнувајќи дека тоа е чекор за сочувување на парите од потенцијално крадење.

„Во тек е процес на заштита на венецуеланската актива. Ние нема да дозволиме да се злоупотребуваат и крадат нашите пари, чија што основна намена беше да се покрие набавката на основните намирници, храна и лекови, за да се осигура иднината на нашите деца“, порача Гуаидо на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг